Prolet
New member
Onur, This is exactly what i mean in my previous post, the Albanians are complaining because they want to get more seats instead of them going to the minorities. As both SDSM and VMRO are suggesting that the Ethnic minoties get 10 seats in parliament and the Turkish Minority will gain the most out of this because they would get an aditional 4 seats, the Serbs 2 seats and the rest with one seat each including a representative from the Bosniak and Vlach Minorities. Do you see why we have problems with them now?? Because they fought a war saying how they fight for a multi ethnic country but a multi ethnic country means all minorities not just the Albanian Minority like they say, so in the name of the other minorities they fought a war but now they want everything for themselves, just ask the Ethnic Turks that live in Macedonia they will tell you the same story.
I've provided a google translation for you to read.
ПРАШАЊЕТО ЗА ЗАГАРАНТИРАНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ЌЕ СТИГНЕ ДО СОВЕТОТ НА ЕВРОПА
ДУИ и НД газат по европските правила
Според уставните измени кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи уште во 2007 година, а СДСМ сега ги реафирмираше, помалите етнички заедници Србите, Турците, Власите, Ромите и Бошњаците треба да имаат десет загарантирани места во Собранието. Партиите на Албанците се спротивставуваат на овој предлог, бидејќи сметаат дека предлогот оди на штета на духот на Охридскиот рамковен договор, принципот на Бадинтер и етничкиот баланс и застапеноста во Парламентот
Демократската партија на Србите во Македонија ќе го извести Советот на Европа за блокадата од страна на ДУИ и Нова Демократија,на предлогот за уставни измени со кои помалите етнички заедници Србите, Турците, Власите, Ромите и Бошњаците би добиле 10 загарантирани места во Собранието. Лидерот на партијата, Иван Стоиљковиќ смета дека со спротивставувањето на овој концепт за распоред на пратеничките места во Парламентот, партиите на Албанците го блокираат остварувањето на основните права на помалите етнички заедници во државата. Стоиљковиќ смета дека со ваквата политика ДУИ и НД му штетат и на меѓународниот углед на Македонија и на евроинтегративниот процес. Тој го застапува мислењето дека нашата држава треба да се води по примерот на Србија, која со устав ја гарантира правичната застапеност на сите етрнички заедници.
- Се превидува фактот дека Македонија претседава со Советот на Европа. Токму Советот на Европа се грижи за остварување на човековите права и слободи. Кога Србија претседаваше со Советот на Европа, пред неколку години, донесе низа закони со кои се дадоа широки овластувања за тамошните малцинства. Србија обезбеди и пари за нивните активности и изврши и промени во изборното законодавство со можност за директен влез на малцинствата, онака како што ние бараме да биде и во Македонија, вели Стоиљковиќ.
И Неждет Мустафа од партијата на Ромите смета дека во Македонија треба да се почитуваат правата и интересите на сите етнички заедници.
- Мултиетничка Македонија со својот поредок гарантира правична застапеност на сите етнички заедници. Сметам дека не треба да постојат пречки за реализација на правата на сите етнички заедници, а меѓу нив и на Ромите. Доколку новиот закон ги задоволува барањата на малцинските етнички заедници, тоа треба да биде прифатливо и за мнозинските. Ромската заедница, реципрочно ги следи и поддржува интересите на албанската заедница во Македонија. Очекувам и тие со истиот реципроцитет да возвратат, вели Мустафа.
ВМРО-ДПМНЕ уште во 2007. предложи измени со кои на помалите етнички заедници би им се гарантирале 10 пратенички места. Со редовните 120 пратеници, тројцата кои ќе бидат избрани од дијаспорта и десетмината кои ќе дојдат од редот на Србите, Турците, Власите, Ромите и Бошњаците, Собранието би броело 133 народни избраници. Турците би имале четири пратеници, Србите и Ромите по двајца, а Власите и Бошњаците по еден пратеник.
СДСМ тогаш се спротивстави на идејата, за пред неколку дена да ја признае грешката и да ја реафирмира оваа идеја. Социјал-демократите сметаат дека тоа би требало да се реализира според пропорционалниот изборен модел и во една изборна единица.
- Точно е дека СДСМ на времето имаше поцврст став околу ова прашање, но гледано од денешен аспект тоа беше несоодветно. Сметаме дека во овој момент поради унапредување на правата на помалите етнички заедници и поради специфичноста на моментот во кој се наоѓа, Македонија има голема потреба од гарантирани пратенички места, изјави потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.
ДУИ и НД и тогаш и сега остро се спротивставија на ваквите уставни измени. Овие партии сметаат дека предлогот оди на штета на духот на Охридскиот рамковен договор, принципот на Бадинтер и етничкиот баланс и застапеноста во Собранието.
ДУИ во 2007 го блокираше Парламентот со поднесени 3000 амндмани на законските измени. Според последниот попис, од 2006 година во Македонија, околу 25 проценти од населението или околу 450 000 граѓани се Албанци. Нивните права се почитуваат во согласност со Рамковниот договор. Спротивно на ова, вкупниот процент на Србите, Турците, Власите, Ромите и Бошњаците е околу 250 000 од населението во Македонија. Овие етнички заедници немаат речиси никаква автономија во политичките одлуки и креирањето на иднината на државата. Застапеноста на пратеници од овие етнички заедници во Собранието е минимален.
Градимир МАРКОВСКИ
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=2C9A69172C27964C969F1516488AA5E9
http://translate.google.com/transla...=2C9A69172C27964C969F1516488AA5E9&sl=mk&tl=en