DedoAleko
New member
Пресудата ќе биде децидна за Македонија и грција
Одлуката од Судот на правдата нема да биде избалансирана, туку чиста и категорична. Хаг или ќе ја прифати или ќе ја отфрли тужбата, тврдат за Сител извори од правниот тим на Македонија.
Дознаваме и дека мнозинството од Судиите ја прифатиле и надлежноста на Судот за овој спор , која грција ја доведуваше во прашање и бараше да биде отфрлена.
Потврдено е дека одлуката ќе биде соопштена средината на ноември.
Во меѓувреме грчкиот весник Елефтеротипија повикувајки се на дипломатски извори го тврди токму спротивното. Дека Атина очекува Хашкиот Суд да донесе избалансирана пресуда.
грција била во неизвесност се до последен момент, но нивни брифери од Хаг велат дека Судиите ќе пресечат со избалансирана верзија на одлуката која нема да ја оправда ниту една од двете страни.
Во таков случај ќе биде широко оставен просторот за понатамошни преговори во Њујорк, бидејќи станува збор за чисто политички случај што погрешно се најде во Хаг, а пристапот на грчката страна ја искристализира позицијата во својот меморандум на повеќе страни што содржеше силни аргументи, пишува весникот, повикувајки се на грчки дипломат.
Од грчкото МНР велат дека Атина темелно ќе ја разгледа одлуката, а потоа ќе одлучи за следни чекори.
За грција било битно да се фокусира на задржување на едногласните одлуки донесени на НАТО самитите во Букурешт, Стразбур и Лисабон,каде децидно стои дека без решение на името, нашата земја нема да може да стане полноправна членка на НАТО.
izvor: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/presudata-ke-bide-decidna-za-makedonija-i-grcija