Here is the SDSM version
http://sdsm.org.mk/default.aspx?mId=55&agId=5&articleId=5440
АКТИВНОСТИ
ДАЛИ ФОТЕЉИТЕ НА „ФАМИЛИЈАТА“ ВРЕДАТ ТОЛКУ ЗА ДА ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ ГИ РАСПРОДАВААТ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ?
Писмен брифинг на СДСМ во Собранието на Република Македонија
Скопје, 13.07.2011 година
- Груевски и ДПМНЕ го злоупотребуваат овој вакум период до изборот на Влада, за да во скратена постапка донесат низа законски измени кои се одраз на новиот - јулски договор Груевски - Ахмети.
Преку скратена постапка им оневозможуваат на граѓаните и јавноста а ги слушнат аргументите и се обидуваат, пазарот Груевски - Ахмети да го протнат шверцерски и на мала врата.
Техничка влада нема право да предлага законски измени.
- За да Груевски ги зачува фотељите на „фамилијата“ со политички договор со Ахмети го менува Уставот, Охридскиот Рамковен Договор и целокупниот политички општествен систем.
Патриотот Груевски го прошири и надгради Охридскиот Рамковен Договор со нови права за албанците во чувствителната сфера за употреба на албанскиот јазик и знаме.
Дали фотељите на „фамилијата“ вредат толку за да Груевски ги распродава македонските национални интереси?
Дали албанското знаме благодарение на Груевски сега ќе се вее и пред полициските станици и касарни?
- Освен што во брзањето Груевски и Вељаноски направија кривично дело - фалсификат со антидатирањето на документите во собраниската архива, предлагаат и противуставни законски измени. Најголемиот „џелат“ на македонското судство, министерот во заминување, Михајло Маневски лицемерно предлага да му се одземе правото на глас на министерот за правда во Судскиот Совет.
За СДСМ ова е неприфатливо, бидејќи ова е уставна категорија и потребно е да се извршат уставни измени. Не поддржуваме козметички измени, туку реални со кои влијанието на министерот за правда во Судскиот совет ќе го нема тогаш кога целосно ќе се отстрани од членството во судскиот совет. (Тоа е дел од Програмата на СДСМ).
За кршењето на Уставот, Деловникот при одземањето на мандатите на пратениците во нивно отсуство, како и за антидатирањето на документи во собраниската архива, СДСМ ќе поднесе кривична пријава против Трајко Вељаноски за две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и за „фалсификат“.
среда, 13 јули 2011