Prolet
New member
Rogi, There is no way we had 50,000 at the Protests in 2008 and its not 3 million its over 4 million people.
Сочувајте го името, спречете го обезличувањето
На 24 Мај, 2008 година во три милионскиот град Мелбурн, Австралија, Македонската дијаспора излезе на мирен протест. Околу 50.000 протестанти под мотото "Македонија, Македонци засекогаш" од сите генерации од цела Австралија, го 'запреа' сообраќајот во Мелбурн, главниот град на Викторија. Се разделија илјадници флаери со причините поради кои се организира овој најмасовен и најуспешен протест. Главна цел беше да се упати јасна порака до Македонската влада дека Македонската дијаспора од Австралија, не прифаќа никакви промени или додавки на нашето вековно име. Исто така се упати барање до Австралиската Влада за признавање на Македонија од страна на Австралија под нејзиното уставно име и третото барање беше - почитување на човековите права на Македонците од Беломорска и Пиринска Македонија.
За жал и после две години, постои страв од можна промена на името. Македонското иселеништво во Австралија е со мислење дека сите напори и поддршка од дијаспората, не допираат до Македонија. И секако дека се поставува прашањето - Што ли се случува во Македонија? Зошто Македонија и покрај толкава поддршка од иселеништвото, покрај толку дебати, интервјуа од политички личности, историчари, здруженија, интелектуалци, илјадници групи на Фејсбук - останува глува на барањата на народот, на гласот од дијаспората.
И додека ние тапкаме во место, и упорно се бара решение за т. н. бесмислен спор со името, нашиот јужен сосед ќе ја искористи и оваа слабост, збунетост и неединство како во политичкиот врв така и меѓу народот. Грција можеби банкротира финансиски, но успеа да создаде јако лоби и да ја 'посвои' историјата на Античка Македонија. Сега се чека уште да го направи последниот чекор, финалниот удар кон обезличување и бришење од географската карта на нашата земја. Тие со децении спроведуваат геноцидна тортура над македонското население во Беломорска Македонија, со децении го игнорираат постоењето на македонско малцинство во Грција, упорно манипулираат со историјата и успееја да ни го променат и Уставот и знамето. Зошто нив никој не ги казнува.
Сега и последен Ултиматум, се бара од Македонија да се откаже од сопственоста на своето уставно име Македонија. Уцени и предлози од ЕУ стигаат секојдневно од нивните еврокомесари како што е и последната на известувачот за Македонија во европарламентот Зоран Талер, во која вели "Работите не стојат добро за Македонија, пред јунскиот самит на лидерите на ЕУ. Без сериозен напредок во решавањето на спорот за името, што за жал е реална опција, постои опасност Македонија да биде симната од дневниот ред и повеќе да не биде во фокусот на ЕУ."
И така, обичниот народ во Македонија, Македонската дијаспора, е како принудена, навлечена од медиумите да слушаат дебати, мислења, понудени можни решенија за името. На тој начин едноставно речено, 'трпи' една агресивна континуирана политичка пропаганда и притисоци од политички емисари, функционери на ЕУ, НАТО, амбасадори, домашни продадени души, кои 'сериозно' го сфатиле проблемот, т. е. го прифатиле како 'спор со името'. Сега само уште лек да се најде.
И доколку се дојде до некакво 'решение' врз основа на т. н. 'срамни преговори' - тоа дефинитивно би резултирало со катастрофални последици за Македонија, за македонскиот род. Со тоа би се нарушил засекогаш националниот опстанок на вистинскиот македонски идентитет.
Единственото можно решение кое излегува од милиони Македонци е Стоп на преговори за име и идентитет. Дали има храброст некој тоа да го каже?? Или народот во Македонија нека го стори истото што го сторивме ние во Австралија. Сите на протест пред Парламентот на Македонија, дури се уште се вика Македонија, дури се уште не е касно, дури се уште не се свикал некаков најавуван Референдум на кој ќе се постави прашање Сакате промена на име и влез во ЕУ или ќе си останите сиромашни, горди и ќе се викате Македонија! А ако се свика Референдум без да го кажат своето мислење иселениците и сите Македонци во одземените делови на Македонија - тоа би било уште едно дискриминирање, уште поголемо, затоа што е кон сопствениот народ. Трагокомична ситуација.
Името на нашата држава денес се користи како предмет на расправа од нас самите Македонци и со тоа како да ја зголемуваме нашата несигурност за тоа што сме, и како се викаме, се преиспитува оригиналноста на нашето потекло и историја. Ова никаде го нема во светот, само на Македонија може да и се случи. Иако земја со богато историско, културно, национално наследство, огромен потенцијал, натпросечна интелигенција - сепак, никако да најде формула за успех. Дали минатогодишните војни, востанија, делби, турско ропство ни оставија во наследство психолошка неспремност да се соочуваме сами со своите проблеми и да водиме држава? Македонија се уште е како земја без заштитен имунитет, се уште не е отпорна на вируси кои влегуваат од сите страни. Како по традиција, државниот врв 'се бори' да се задржи на врвот и се сведува на промовирање на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, кој што сторил, кој кого предал. 'Доволно не е доволно'.
Дали да го обвинуваме државниот врв за лоша диполоматија, погрешни методи, делегирање, немање на организирана структурна мрежа за лобирање во светот и за 'кочење' на напредокот на интелектуалната популација? Дали е народот крив и спие во вакви ситуации? Наместо да слуша радио и ТВ дебати преку кои психолошки 'се спрема' да прифати некој предлог, време е да излезе пред Парламент и да го спречи обезличувањето кое се спрема. Краен и одлучувачки момент е да го крене својот глас за зачувување на сопственото име. Ако други се криви за безизлезната ситуација во која сме ставени, ние сме виновни што не знаеме да речеме НЕ, И СТОП НА ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕ. Никој нема право и сила да одлучува за промена на името на Македонците во и надвор од Македонија. Никој не може и не смее да го одземе она македонското од македонскиот човек и со тоа да го обезличи засекогаш.
Нашиот корен е нашата Македонија, од антика до денес, нашиот корен е МАКЕДОНСКОТО ИМЕ и со него никој не смее да тргува.
Македонија засекогаш!
Гордана Димовска, Мелбурн