Niko777
New member
If the school is renamed, you can expect a domino effect all across western Macedonia.
Watch the video here: http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=83375
Watch the video here: http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=83375
Ново име за училиштето Цветан Димов - Хасан Приштина, идеологот за голема Албанија ?
Основното училиште Цветан Димов во Чаир да се преименува во Хасан Приштина. По 50 години барање да се смени името на едно од најстарите училишта во Скопје. Советот на родители одлучил, дошло време за ново име.
„Училиштето е со ученици кои учат на албански наставен јазик и родителите ја видоа причината за да поднесат барање за промена на името на училиштето. Гласањето на Советот на родители беше беспрекорно, само неколку беа против”, вели Љиндита Ќерими, директор во ОУ Цветан Димов.
Училиштето има 39 паралелки, од нив само во 9 се учи на македонски наставен јазик. И во Советот на родители Македонците се малубројни.
“Ние гласаме, Македонци и Босанци сме помалку во Советот и не надгласуваат секогаш. Тие треба да ги сменат вратите и прозорите, да им дадат услови на децата, а не имиња да менуваат“.
“Да се смени? Не, Цветан Димов беше од порано, не”.
“Не сум информиран. Треба да се менува. Школото е во средина на Албанците и треба да се менува ”.
Ова се дел од реакциите на родителите.Зад камерите родителите на учениците Македонци велат - ако се смени името, ќе ги отпишеле своите деца од училиште. Тоа и го кажале на директорката на Советот на родители, каде како што велат, цело време се зборувало на албански јазик. Процедурата за промена на името на училиштето е во тек. Предлогот да се вика Хасан Приштина оди кај Училишниот одбор, а од таму во општината. Приштина во 20-тите години на минатиот век се борел за независност на албанската нација и бил еден од првите идеолози за формирање на голема Албанија.
Министерството за образование е надлежно за промена на имињата. Општина Чаир како основач на училиштето иницијативата за преименување треба да ја достави до образование. Дали Цветан Димов ќе добие ново име на крајот зависи од потписот на министерот Кралев.
Last edited: