РАБОТЕН МАТЕРИЈАЛ -РАСКОЛОТ ВО ВМРО-ДПМНЕ
Јули – Август 1998 година С к о п ј е
РАБОТЕН МАТЕРИЈАЛ
(забрането објавување без дозвола на авторот)
РАСКОЛОТ ВО ВМРО-ДПМНЕ
Јули – Август 1998 година
С к о п ј е
Кон крајот на август 1997 год., поточно по седницата на ЦК на ВМРО ДПМНЕ што се одржа на 30.08.1997 г. Во Собранието на Град Скопје, во македонската јавност како бомба одекна веста за жесток судир во највисокото раководство на најмоќната опозициона партија. За многумина судирот изби неочекувано и ненајавено (иако во минатото такви конфронтации во континуитетот ја следеа партијата од самото основање) бидејќи токму во претходните година-две ВМРО-ДПМНЕ важеше за една од најстабилните политички партии во време кога во речиси сите останати партии ескалираа отворени судири во нивните редови ( СДСМ, Социјалистичката партија, ЛДП и т.н.).
Хронологијата на настаните непосредно пред, во текот и по одлуката на “историската” седница на ВМРО-ДПМНЕ е горе-долу позната: 54 членови на Централниот комитет согласно член 52 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ покренуваат барање за отповикување на потпретседателката Доста Димовска (поради отворено протежирање на пробугарска политика, неуживање углед, односно нејзин избор по пат на фалсификат и нејзино активно учество во речиси сите афери што ја потресуваа Партијата), а група членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат Предлог-Резолуција со која партијата се оградува од сите врховизми.
По неколкучасовна бурна и мачна расправа, во атмосфера на борба “секој против секого”, со редица врховистички, шовинистички, па и фашистички испади и со отворено спротивставување на лидерот Љубчо Георгиевски кон двете иницијативи, епилогот беше логичен и очекуван. Барањето за отповикување и Предлог-Резолуцијата воопшто не се ставени на дневен ред, а Извршниот комитет во полн состав (освен претседателот) режирано поднесува колективна оставка. Една недела подоцна, Георгиевски, веќе во улога на своевиден нов “фирер”, вонстатутарно и насилнички го руши раководството на УМС, а следната недела набрзина склепаниот и битно изменет состав на ЦК избира нов Извршен комитет во кој влегоа некои безвучни имиња со звучни докторски титули, како своевиден параван за вистинската суштина на промените кои се случија во ВМРО-ДПМНЕ. За карактерот на врховистичкиот пир што се случи на самата седница ги нотираме изјавите на неколку членови на ИК: Дореана Христова член на ИК- “Голем број странски новинари пројавуваат огромен интерес за положбата на македонските Бугари во Македонија – Треба да дојде до помирување мегу нашиот (бугарскиот – заб. а) и вашиот (македонскиот -заб.а) народ; Марјан Ѓорчев, член на ИК: “Генс унус сумус” или “Еден народ сме” (омилена изјава на бугарските шовинисти - “Та ние сме еден народ!”), Ѓорѓи Наумов, член на ИК: “Да не беше Тодор Александров јас ќе се презивав Родомировиќ!”, Љубчо Георгиевски:” Што лошо сте виделе од Бугарија” и т.н.
Случајот сакаше да скандалот што се случи на ЦК веднаш отиде во јавноста, а средствата за јавно информирање бидат преплавени со детални пикантерии за се она што се случуваше пред, за време и по фамозната седница на ЦК. Наогајќи се во “небрано” двоецот Георгиевски-Димовска набрзина исфрла неколку тези за јавноста со кои прозирно се настојуваше да се сокрие заднината на судирот, дека се работи за персонален судир во раководството, за судир на “интелектуално” и “рурално” крило, за отстранување на “бизнис-полициско” крило и сл.
Ступидноста, провидноста и неаргументираноста на овие тези беа прочитани и од јавноста и од медиумите, а неколкуте документи кои проциркулираа во јавноста беа доволен доказ да се свати дека се работи за далеку посуптилен проблем кој по своето значење ги надминува партиските рамки и навлегува длабоко во сверата на националните и државните интереси на македонскиот народ и неговата држава Република Македонија.
Имено, сознанијата, податоците и аргументите со кои располагаме, иако можеби нецелосни, сепак се доволни да се извлече логичен заклучок дека се работи за судир на две опозитни опции – едната автентична – македонска како директен следбеник на историската мисија на ВМРО и втората, тугинска, бугарско-врховистичка која и низ историјата постојано го следела ВМРО во неговата борба за создавање македонска држава и која како по правило, претставувала пречка за остварување на вековниот идеал. (за создавање независна или обединета Македонија). Во судирот на тие две опции, како што е познато, победи онаа врховистичката, и тоа благодарение пред се на некои ирационални мотиви во кои бездруго спаѓаат харизмата на лидерот Љ. Георгиевски и неговата фанатична и жестока одбрана на својот ментор уште од студентските денови – Доста Димовска, како и латентно присутниот страв на членството од евентуалниот распад или раскол на Партијата, иманентен за секоја партија што се наоѓа во длабока опозиција и постојано е изложена на репресалии од страна на владеачката номенкулатура. Тука лежи и одговорот зошто поголемиот дел од потписници на барањето за отповикување на потпретседателката Д. Димовска кои при потпишувањето отворено зборуваа за нејзино бугарско педигре, на седницата на ЦК при изборот на новиот врховистички Извршен комитет, ја наведнаа главата, се повлекоа ипремолчно го одобрија чинот на самопогребување и на своето национално достоинство и на сопствената Партија.
[.....]
Затоа, денес кога го слушаме и го читаме Љубчо Георгиевски како од една страна отворено жали за судбината на Руфи Османи, а од друга страна јавно им забива нож во грб на обесправените браќа Македонци од Пиринска Македонија, прогласувајќи ја нивната организација за сепаратистичка и екстремистичка со што јавно и недвосмислено се декларира како “адвокат” на великобугарската политика, не можеме а да не се запрашаме: на која партија е претседател господинот Георгиевски - на ВМРО-ДПМНЕ или на ВМРО-СМД??? И која е цената на влогот што лидерот Георгиевски отворено ја напушта Програмата и Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и тргна по магливиот пат на отворено национално предавство? Ако за напуштање на програмата е совршено јасно, за одговорот за цената ќе мора да попричекаме. Се надеваме, не за долго.
Според педантните аналитичари, првичните јавни и поотворени манифестирања на пробугарските определби на Георгиевски-Димовска датираат уште од самиот почеток на формирањето на Партијата. Меѓутоа, нивното значење јавноста воглавно го примаше и оправдуваше како своевиден хир на “младиот, ексцентричен и недоволно искусен лидер”, но и како своевидна противтежа и пркосење на српската опасност за Македонија, олицетворена преку сеуште присутната ЈНА и тенденциите за останување во Југославија по секоја цена.
Клучен настан за проблемот кој го третираме е неговата посета на САД и Канада во 1991 година......За време на посетата Георгиевски ја исфрли тезата за постоење на “Македонци-Срби, Македонци-Бугари, Македонци-Грци” како зародиш на неговата идна антимакедонска платформа, со која де факто го негира постоењето на македонскиот народ и ги потврдува српските тези на Цвииќ и Новаковиќ (оние кои најмногу се критикувани од бугарските врховисти) дека населението во Македонија во однос на националното чувство е “флотантна маса” која “лесно” може да се обликува, нели, по волјата на освојувачите??!!
Ваквите негови ставови се директна причина за разијдувањето на Герогиевски со Драган Богдановски (еден од оснивачите и идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ) кој во своето писмо во “Нова Македонија”, од 05.12.1991 год. Го пишува и ова: “На оваа средба меѓу Димитар Гоцев од ВМРО-СДМ и Љупчо Георгиевски стана збор за координирана работа на двете ВМРО, а клучки на таа кординација да бидат Стојче Наумов и Красимир Каракачанов, секретар на ВМРО-СДМ. За карактерот на акцијата што треба да се координира, сега за сега не сакам да зборувам, но ако не дај Боже се оствари таа, тоа би значело бугаризирање на македонската Република. . .”
За одбележување е што престојот во Канада го организираше Стојче Наумов (еден од главните идеолози на бугарското лоби во ВМРО-ДПМНЕ кој во последните три години во списанијата “Глас” на ВМРО-ДПМНЕ и Дело објави десетина текстови со антимакедонска содржина) и Георги Младенов, претстедател на организацијата на МПО во Торонто, Канада, која остана најупорна во застапувањето на великобугарските претензии спрема Македонија и чија улога во овој антимакедонски заговор се чини дека е една од клучните (за тоа подетално во следните страници). Слични обвинувања за пробугарската ориентација на Георгиевски изнесоа и други личности од оние кои ја формираа ВМРО-ДПМНЕ а потоа ја напуштија Партијата (Венко Вчков, Ванчо Механџиски, Климе Митревски, Томислав Стефковски и други), меѓутоа нивните изјави беа “покривани” со останатите крупни настани кои тогаш се одвиваа во државата.
[....]
Во овој период Георгиевски и Димовска одржуваат постојани тајни контакти со челниците на ВМРО-СМД и бугарските власти за што домашнита јавност, ниту тогаш, ниту подоцна никогаш не е информирана со било какво соопштение или информација за печатот за карактерот и содржините на тие разговори. Според некои искажувања на членови на ВМРО ДПМНЕ и оставката што Георгиевски ја поднесе на функцијата потпретседател на претседателот е директно сугерирана од Иван Татарчев – јавниот обвинител на Бугарија и почесен претседател на ВМРО-СМД!
Кон средината на 1993 година Димовска заедно со Димитар Галев и бугарскиот амбасадор во РМ Ангел Димитров го организираат формирањето на т.н. “Движење за пријателство меѓу Република Македонија и Република Бугарија”. На основачкото собрание кое се одржа во просториите на Собранието на град Скопје на кое во присуство на осведочените бугаромани во Македонија, во ниеден говор или документ воопшто не беше споменато постоењето на македонскиот народ. Паѓа во очи дека во серијата вакви друштва за пријателство меѓу македонскиот народ и другите народи (македонско-хрватското, македонско-еврејското, македонско-американското, македонско-српското и т.н.) единствено ова е “Движење...” и тоа за пријателство, но не меѓу народите, туку меѓу државите! Според замислата на Димитар Галев кој беше избран за претседател на “Движењето...” истото имало за цел активно да работи за бришење и релативизирање на сите културни, јазични, етнички, историски и друг вид разлики меѓу македонскиот и бугарскиот народ и нивно стопување во единствена бугарска нација.
Сепак, вистинската офанзива на великобугарската политика во ВМРО-ДПМНЕ започнува кон крајот на 1994 година за да кулминацијата ја достигне токму сега на веќе историската седница на 30 август 1997. Претходно формираната ВМРО-Татковинска во која се вгнездија најекспонираните борци за великобугарската кауза во Македонија, според проценките на стратезите во Софија, не ги даде очекуваните резултати, па затоа се менува тактиката и е одлучено бајракот на бугарштината да го понесе ВМРО-ДПМНЕ. Притоа, дадена е директива, малубројното членство на “татковинците” да премине во ВМРО-ДПМНЕ, да се обиде да се инфилтрира во структурите на Партијата и да направи преврат со преземање на раководните функции и елиминација на клучните личности од ортодоксната македонска опција во неа. Главен реализатор на ваквото сценарио е потпретседателот Доста Димовска која во овој период е постојан контакт со бугарскиот амбасадор Ангел Димитров, со претставници на ВМРО-СМД.....со раководството на ВМРО-Татковинска (Црномаров), со пробугарски определените лица во ВМРО-ДПМНЕ.....
Мегутоа, главната пречка за практична и ефективна реализација на ваквото сценарио претставува улогата на генералниот секретар на Партијата Борис Змејковски од најмалку две причини: прво, неговата јасна македонска национална ориентација и второ, неговата функција генерален секретар, одговорен за организацијата на теренот, а во исто време и раководител на Комисијата за кадровски прашања. Таквата негова позиција, како и идентичните определби на неговите соработници (Александар Диневски, Иван Соколов, Зоран Петрески идруги), претставуваше непромостлива пречка за позначаен продор на бугарофилството во Партијата. Со формирањето на КСИО-Комисија за стратегиски истражувања и организација (формирана формално од страна на Извршниот комитет во јануари 1994 година со посебна Одлука согласно Статутот на ВМРО-ДПМНЕ) на чие чело е Змејковски, неговата позиција беше зајакната што ги доведувааше до “лудило” поборниците на “каузата”. За кратко време од своето постоење КСИО со несебичен личен ангажман на сите нејзини членови постигна огромни резултати и стана влијателен и значаен фактор во Партијата. За првпат од постоењето на Партијата средена е архивата и документацијата, набавени се компјутери и други технички средства, направена е прецизна евиденција и утврден е приближниот број на членството, а преку еден аналитичен материјал направена е прецизна “рентген-снимка” на вистинските реални состојби во партиските комитети во кои дел од претседателите за да ги задржат своите позиции лажно го информираа раководството на Партијата, за бројот на членовите и за своите активности. Врз основа на овие аналитички согледувања и проценки КСИО направи кадровски реконструкции во 20-тина Општински комитети кои поминаа безболно и речиси во тишина, за разлика од претходните такви случувања кои ги полнеа страниците на печатот како пикантни општински случаи. Во оваа смисла, посебно карактеристични се случаите во Кисела Вода, Гази Баба, Неготино, Пробиштип, Крушево, Виница, Штип, Струмица, Каменица, Кочани и други во кои во тој период имаше активни одвај по десетина членови, за да денес во речиси сите овие локални собранија на власт е ВМРО-ДПМНЕ! Во исто време за околу 16 Општински комитети членовите на КСИО обезбедија работни простории за нивно нормално работење.
Мегу позабележителните успеси на КСИО спагаат и деблокирањето на Собранијата во Прилеп и Скопје кои беа блокирани повеќе од 15 месеци, како и навременото и документирано доагање до сознанија за пучот што го подготвуваше Томислав Стефковски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РМ. Воедно, КСИО преку свои луге во државните органи добиваше квалитетни и значајни сознанија за активностите на своите политички противници, а за својата работа секој член на КСИО беше должен да направи писмен извештај, така што документацијата на оваа Комисија за нецела година од нејзиното постоење достигна близу 1.000 отчукани страници текст!
Токму затоа, КСИО, нејзиниот раководител Змејковски и нејзините членови беа постојано на удар на оговарачкото “б’лгарско дружество” чиј штаб најчесто се состануваше во кафеаната “Александар-плац”, со постојан контакт со редакцијата на “Дело” и Бугарската Амбасада во Скопје.
Главните идеолози на оваа “групировка”- Димитар Димитров, Александар Лепавцов, Младен Србиновски, Миле Неделковски, Владо Треневски, Љупчо Јакимовски и други директно или индиректно помагани од Љупчо Георгиевски и Доста Димовска денес се главни носители на политиката на ВМРО-ДПМНЕ! Ете, затоа Змејковски, а илугето околу него требаше да бидат сменети веднаш!
[.....]
Во првите месеци од 1995 година, годината во која бугарштината како идеологија ќе ја започне својата офанзива за пошироко етаблирање во македонското политичко милје, вниманието на раководството на ВМРО-ДПМНЕ беше главно ориентирано кон организацијата на ИИ-от Конгрес на Партијата што се одржа на 5 и 6 мај во Кичево. Непосредно пред Конгресот Љупчо јавно го менува името во Љубчо со ефтино образложение дека така го запишал матичарот, а нему му требаа цели 29 години да го дознае!? Нејсе.
На самиот Конгрес мегу официјалните гости се наоѓаше и потпретседателот на Бугарското Собрание (инаку од тогаш опозициониот СДС која е во постојана коалиција со ВМРО-СМД) кој на делегатите им се обрати на бугарски јазик, без преведувач, ниеднаш не споменувајќи го македонскиот народ. Доста Димовска и Љупчо Јакимовски имаа подготвено посебна Декларација за македонскиот јазик во која се истакнуваше ставот за нова редефиниција на македонскиот јазик со воведување на ткн.”нема букви” но очигледно процениле дека “се уште е рано” за таков радикален потег истата ја повлекоа! Исто така од неразбирливи причини Доста Димовска не прифати Конгресот да усвои Декларација за исламскиот фундаментализам што ја подготви и предлож Драги Ивановски. Исто така од несватливи причин беше преформулуран предлогот дека ВМРО ДПМНЕ се залага за уништување на сите досеа вместо како што беше предложено во предлог Резолуцијата т.е дека ВМРО ДПМНЕ ке се залага за отварање на досиеата за целата македонска јавност (преформулирањето се вршат попатно Димовска и Јакимовски). Како причина за таквата промена Димовска ја објаснува како печатарска грешка иако повеке од јасно беше дека отварањето на досиеа за јавноста може да значи и прекин на политичката кариера за некои многуактивни политичари во македонија а посебно во ВМРО ДПМНЕ.
Конгресот заврши со изборот на Георгиевски за претседател на Партијата и усвојување на новата политичка доктрина наречена “политичка прагма”?!
Но, не требаше да помине долго време за да се симне демагошката маска од “Љупчовата прагма” и тоа благодарение на самиот Георгиевски – во весникот “Пулс” во две продолженија во броевите од 7.6.1995 и 14.6.1995 година го објавува своето писание “Кој со кого ќе се помирува” кое ќе стане вистинска политичка платформа на бугарското лоби во Македонија! Георгиевски, во негов препознатлив стил на плитко и површно поимање и разбирање на нештата отвора широк фронт против дузина македонски историчари, против македонската историја и што е најважно против највиталните македонски национални обележја. На неговите писанија одговорија сите прозвани, но Георгиевски не возврати на никого, веројатно сметајќи дека нема потреба. Човекот си ја заврши работата, а другите нека му ја мислат!
За значењето на памфлетот на Георгиевски доволно зборува фактот што ВМРО-СМД веднаш го преобјавува овој текст во својот весник “Македонија”, го преведе на три светски јазици и го отпечати во посебна брошура (отпечатена и на македонски јазик, “гарнирана” со фотографија на авторот и факсимили од книгата на Миладиновци со народни песни “Огледало” од Кирил Пејчиновиќ и првиот Устав на ВМРО) и ден денес го растура насекаде по светот како “доказ” за бугарскиот карактер на македонскиот народ, јазик, литература, историја и сл. Во сите тие брошури чија физиономија (мали по формат со јасна намена – прочитај го и дај го на другиот) која недвосмислено потсетува на брошурите од времето на Информбирото, со црни букви посебно се подвлечени токму оние делови кои одат во прилог на великобугарската политика.
[...]
И овие ставови се доволни за да се “прочита” основната порака на текстот: сите македонски херои кои денес ги слави и опејува македонскиот народ биле македонски Бугари, ние немаме своја историја, немаме свои историски корени, јазик, култура, ние сме “тикви без корен” измислена нација. Иако не треба преголем интелектуален напор да се разобличат ваквите провидни тези на Георгиевски (впрочем некои тоа и го сторија),
сепак нивното појавување наиде на широк публицитет и во бугарската јавност и претставуваа вистински поттик за “освестените македонски Бугари” од тајфата на Георгиевски кои во периодот што следуваше преку серија написи во гласилото на ВМРО-ДПМНЕ “Глас” и “Дело” просто го бомбардираа македонското јавно мислење, детално елаборирајќи ги тезите што ги постави нивниот “духовен лидер”.
За великобугарските соништа, за вистинското “значење” на памфлетот на Георгиевски, еве што велат неговите ментори од споменатата фракција на МПО во Торонто – Канада – цитираме дел од статијата на Добрин Минчев, објавена во специјалниот број на нивното спиание “Вардар”, посветен на Ванчо Михајлов, од оваа година, печатен на бугарски јазик: “ Во текот на 1995 година во Република Македонија се забележува се позачестениот карактер на изострена пресметка мегу македонизмот и неговите критичари. Додека антибугарската пропаганда на македонистите достигна свој зенит, во исто време се забележува се поголемо активирање на антимакедонизмот.
Во одделни публикации видни интелектуалци започнаа убедливо да го критикуваат македонизмот како државна идеологија и да ја разоткриваат историската вистина за него, како и неговата историска ограниченост. Вистински настани во текот на минатата година претставуваат изјавите и статиите на Младен Србиновски, професор Димитар Димитров, Александар Лепавцев, Димитар Галев, Христо Михаилов, Љубчо Георгиевски и други.....
Во текот на 1995 , продолжува натаму Минчев, во неделното списание “Македонско дело” и нередовно излегувачкото списание “Глас” - орган на ВМРО-ДПМНЕ, се појавија низа статии од истакнати интелектуалци на Македонија кои аргументирано и убедливо ја разобличија патологијата на македонизмот, ги посочија поразите нанесени од него во масовното сознание, како и опасностите кои тој ги носи за иднината на населението. Така на пример, трајно значење има статијата на Младен Србиновски “Природата на македонскиот стандарден јазик”, објавена во декемвриското (19-95) број на списанието “Глас” (пред тоа објавена во весникот “Дума”) и неговото интервју во списанието “Македонско дело” со наслов “ На сите мои опоненти им нудам јавен дуел”. Решавачки придонес за разоткривањето на т.н. “ табу-теми” во Република Македонија дадоа статиите на професор Димитар Димитров за “Македонскиот идентитет”, статијата на Александар Лепавцев “Може ли да се слика на бугарски?”, памфлетите на Миле Неделковски во списанието “Македонски дело”, статијата “Испит за Македонија меч против поробувачите” од Христо Михаилов, објавена во “Глас” (декември). Мегу статиите кои ги разбрануваа духовите во Република Македонија со своите радикални идеи за ревизија и преобмислување на историјата беа и полемичките статии на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски за националното помирување, објавени во “Пулс” на 7.6.1995 год. И 14.6.1995 год. (списание “Вардар” стр.25-27 и натаму, специјален број посветен на Ванчо Михајлов, издание 1997 година). Па сега, читајќи ги овие редови на великобугарскиот јуришник Добрин Минчев, не можеме, а да не го запрашаме г-динот Георгиевски: Кој тоа овојпат му подметнува нему и на неговата врховистичка тајфа бугарофилство? Ги препознава ли г-динот Георгиевски посочените “видни интелектуалци” во највисоките структури на Партијата со која раководи – Во Извршниот комитет (Димитар Димитров), во Советот на интелектуалците (Александар Лепавцев), во редакцијата на партиското гласило “Глас” (Младен Србиновски и Љупчо Јакимовски) и.т.н.? И, ако навистина е Македонец (како што самиот изјавува) кој се бори за македонската (а не за бугарската) кауза, тогаш не се засрамува ли барем малку што е фален и воспеван токму од оние кои отворено се борат за Бугарија “од Охрид до Црно море и од Дунав до Белото море”?
[.....]
Во почетокот на септември 1995 година Доста Димовска, заедно со Димитар Димитров и Горги Наумов присуствуваат на Конгресот на МПО во Америка, без каква и да е одлука на Извршниот комитет или друг орган на Партијата. Според информациите добиени од таму, за време на престојот во Америка Димовска и Димитров отворено застапувале пробугарски ставови поради што настанала жестока расправија со синот на Наумов – Васко кој бил во приватна посета на Америка. На Конгресот на МПО настапиле Димовска и Димитров кои на МПО-вците им ги пренеле поздравите од “македонските Бугари во ВМРО-ДПМНЕ”. Овие постапки ги потврдил и Наумов кој пред изборите на новиот состав на Извршниот комитет пред повеќе функционери на ВМРО-ДПМНЕ јавно изјавувал дека доколку во Извршниот комитет влезе еден бугароман тој јавно ќе истапи од партијата! Мегутоа, очигледно и кај него преовлада личниот комодитет и кариеризмот, па ветените два списоци – еден на бугароманите, еден на македонски определени кадри во кој според негово кажување требало да влезат и Блаже Ристевски, Тодор Петров и други, едноставно “ги заборавил дома”.
[.....]
И така натаму...Вистинското признание за пробугарскиот карактер на “Дело” ќе стигне многу брзо и тоа од неговите газди – Бугарите. Имено, по приведувањето на Владо Мокров како сведок во еден судски процес во Охрид, софискиот весник “24 Часа” ќе осамне со наслов: “Скопје малтретира шеф на пробугарско списание” (”Нова Македонија”, 11.07.1997 година. Исто така по неколкумесечното неизлегување на “Дело” во втората половина на 1997 година поради немање на финансиски средства Владо Мокров, главниот уредник на “Дело” престојува во Софија каде наводно обезбедил финансии така што од почетокот на ноември 1997 година “Дело” повторно почнува да излегува со нов формат, но со стари содржини.
[.....]
Паралелно со ова , продолжуваат интензивните контакти на Димовска и компани со ВМРО-СМД во Софија, со ВМРО-Татковинска (Димитар Црномаров), со Славјанскиот комитет во Софија (експозитура на КГБ), со МПО Друштвото во Торонто - Канада, како и со претставниците на ткн. “Национална конвенција”, иако Извршниот комитет петходно имаше изградено јасни ставови дека со овие организации не смее да се контактира. Контактите најчесто директно ги одржуваше Доста Димовска при нејзините посети на Бугарија или индиректно преку Младен Србиновски, Владимир Перев, Владо Мокров, и.т.н.). Меѓу личностите кои служеле како еден вид “мртва јавка” и преку кои е остваруван индиректен контакт со бугарските органи посебно се потенцира извесна Јорданка Студенткова, по потекло од Плевен Бугарија која два пати месечно престојувала во Скопје во изнајмен стан во населба Кисела Вода. Истата имала завршено разузнавачка школа во Русија, своевремено била ангажирана во разни дипломатски мисии на Бугарија, но по реформите во Бугарија наводно била тргната од политичките активности. Како покритие за нејзиниот престој во Македонија го користела нејзиното наводно поседување биоенергетски способности со кои им давала третман на пациентите. Биле доста блиски пријателки со Доста Димовска со која разменувале материјали (!), а на “биоенергетски третман” кај неа доаѓало речиси целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ (бугарското крило): Љупчо Георгиевски, Марјан Ѓорчев, Ѓорѓи Боев и др. Во текот на јуни 1996 година Димовска целата пресреќна пред Извршниот комитет излегува со соопштение дека во разговорот со Димитар Црномаров добила известување дека тој ја распушти Партијата и се приклони кон ВМРО-ДПМНЕ. Нешто подоцна и самата го напиша соопштението дека Комитетот на ВМРО-Татковинска од Гази Баба колективно преминува во ВМРО-ДПМНЕ! Во истиот период по налог на Димовска, уредникот на “Глас” го избриша Александар Диневски и на негово место го постави Живко Аџија, без никаква одлука на Извршниот комитет. На седницата на ИК во јули 1996 г. Иван Соколов поднесува работен материјал (студија со наслов “Моќ на опозиција”) во кој критички се осврнува на неколку битни прашања во функционирањето на Партијата со посебен осврт на работењето на фирмата и списанието “Глас”, особено поради неодговорниот однос на уредникот и неговото нередовно излегување. Тоа ќе биде повод за жестока расправа на самата седница на ИК на која најостра полемика се водеше помеѓу Диневски и Соколов од една, Димовска, Дореана Христова и целото бугарско лоби од друга страна. Иако во понудениот материјал се зборуваше исклучиво за концепцијата на “Глас” и неговото нередовно излегување (речиси еднаш годишно на 70 страни), сепак реакцијата на бугарската фракција беше хистерична. На нивна страна се стави и Љупчо Георгиевски така што предлогот за смена на главниот уредник Љупчо Јакимовски (инаку пулен на Димовска) не поминува. Овој судир, иако останува во рамките на Партијата и беше заташкан, уште еднаш ја навести жестокоста на престојниот судир меѓу двете силно спротивставени струи – македонската и бугароманската што ќе се случи цела година подоцна.
[.....]
Во овј период се понагласена активност има новото раководство на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ И нивниот весник “Завет” (кој редовно излегува благодарение на несебичното залагање на младите) кои ќе станат главна потпора на македонската опција во ВМРО-ДПМНЕ,
предизвикувајќи бес кај бугароманите кои и натаму настапуваат се поофанзивно и провокативно токму спрема младите каде освен еден младинец (Влатко Стаматовски) ниеден друг не застапува пробугарски ставови. Во една прилика Димитров на еден од младинците, сметајќи погрешно дека е на нивна страна, отворено ќе му го постави прашањето:”Глас” го освоивме (сметајќи на отстранувањето на А. Диневски од редакцијата), кога ќе ги освоиме УМС и “Завет”? Оваа негова изјава, како и бројните провокации од страна на бугароманите, за нивната национална припадност ќе ги принуди младинците да побараат помош од Диневски, да напише текст “и да ги перне” бугароманите од фамозниот триаголник “Редакција”,”Дело”(и “Глас”)-Александер плац- Бугарска амбасада. Така се раѓа сега веќе историскиот текст
“Чакам те да дојдеш” кој УМС одлучува да го објави со псевдоним “Ахил Апостолов” (псевдонимот го напишал Атанас Стамнов, екс-потпредседател на УМС и сегашен председател на Советот на Општината Гази Баба). Меѓутоа, Борис Стојменов, веројатно поради “непријатните” текстови во “Завет” одбива да го печати тој број (наводно поради високи финансиски трошоци што дотогаш не биле проблем) и младинците по непредвиденото задоцнување од речиси цел месец повторно се обраќаат до Диневски кој преку еден негов пријател успева бесплатно да отпечати 100 броеви од весникот (по игра на случајот токму во време кога Георгиевски е на одмор) кои сепак се доволни да пукне афера. “Дело” препознавајќи се во текстот, реагира панично-го препечатува интегрално и со тоа му овозможува заслужен публицитет во јавноста.
Реакциите на бугароманското лоби од”Александер плац” исто така се панични и нервозни, посебно кај “Главниот идеолог “ Димитров и “Главниот резидент” Димовска. Овие двајца просто го облетуваат Георгиевски кој во меѓувреме доаѓа од одмор и упорно го убедуваат дека текстот е “подметнување од СДСМ”, претставува негација на неговите ставови изнесени во текстот “Кој со кого ќе се помирува” и дека крајната цел му била негово рушење од лидерската позиција. Затоа бугарското лоби бара “еретикот” што се дрзнал да ја нападне Бугарија да биде отстранет од Партијата. Инаку, самиот текст меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ во земјата и странство, како и во политичките кругови во Републиката, ќе биде дочекан со воодушевување и оценка дека се работи за мудро и смислено оградување на ВМРО-ДПМНЕ од бугарската опашка што ја влечеше со години. Впрочем во текстот беше направена многу јасна дистинкција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и бугарското лоби лоцирано во фамозниот триаголник надвор од круговите на Партијата. Неговата појава за момент ќе ги спречи јавните изблици на бугарштината и “Дело” во следните десетина броеви практично нема да објави ниту еден текст со пробугарска содржина! Георгиевски по овој повод дава интервју во “Дело” под наслов “На Македонија повторно и се заканува опасност од Север” во кое исклучиво се занимава со целите што сакал да ги постигне авторот, не правејќи ни малку обид да се оспори барем една од тезите изнесени во текстот “Чакам те да дојдеш”. Тоа ќе биде одлика и на другите текстови објавени во”Дело” така што уште на стартот елиминирана е било каква можност за евентуална полемика по ова чувствително прашање. Поучени од негативното искуство при изборот на подпретседателката Димовска ќе изостане и најавуваната смена од член на ИК на Александар Диневски на општа жалост на бугароманите.
За таква разврска на случајот многу ќе придонесе и цврстиот, енергичен и категоричен став на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ кој на вонредна седница (во присуство на Змејковски) донесува едногласна одлука дека исцело стои зад ставовите изнесени во “Завет” и незгодниот текст “Чакам те. . .” Георгиевски не е задоволен со тоа и прави уште еден обид да ги превоспита младинците, свикува состанок и бара член на Извршниот комитет на УМС да се изјасни поединечно. Притоа отворено им зборува за “пријателскиот однос” на Бугарија кон Македонија, за тоа дека сите наши преродбеници и национални херои од Илинденскиот период се изјаснувале како “македонски Бугари”, дека и натаму е цврсто убеден во исправноста на неговите ставови изнесени во “Кој со кого ќе се помирува”, дека секој што мисли поинаку околу ова прашање ја погрешил Партијата и се во тој стил. Меѓутоа, ни тоа не помага и сите членови на Претседателството поединечно изразуваат целосна подршка на текстот.
Слични ставови зазеле и добар дел од Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ кои самоиницијативно расправале за текстот. Ваквиот тек на настаните, како и најавата за одржување на локалните избори дополнително ќе го расколеба Георгиевски да се откаже од започнатите подготовки за отстранување на авторот Александар Диневски од Извршниот комитет, меѓутоа Диневски еден долг период ќе биде во немилост, а на локалните избори нема да биде кандидиран за ниедна функција.
Георгиевски и возвраќа на Унијата на млади сили со забрана на следниот број на “Завет” поради неколкуте “симптоматични” текстови во кои Бугарија се споменува во негативна конотација. Посебно незадоволство кај лидерот предизвикаа текстовите: “Некои нови клинци” од Ахил Апостолов (вистински автор Атанас Стамнов), интервјуто на Тодор Петров, “Македонија и Русија” од Александар Филипов (Драги Ивановски), интервјуто од Крум Велков, текстот “Кој, кого и зошто го чака да дојде” од Ѓорѓи Костов, “Антибугарскиот карактер на Великоморавската мисија на Светите браќа Кирил и Методиј од ИЏ век” и др. Младинците го возвраќаат ударот со отстранување на Влатко Стаматовски (единствениот од младинците со јавно манифестирана бугарска свест) од редакцијата на “Завет” кој ургентно е прешалтуван меѓу “своите”, во сега веќе комплетно бугаризираната редакција на “Глас”.
[.....]
Во текот на февруари 1997 година избија студентските демонстрации во Скопје по повод донесувањето на Законот за педагошкиот факултет, зад кои, иако формално не стоеше ВМРО-ДПМНЕ, беше повеќе од очигледна улогата на Партијата во нивната организација и спроведување, почнувајќи од водачите на демонстрациите кои во главно беа членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, па се до логистичката поддршка што им се даваше на демонстрантите. Покрај студентите, мошне активна улога во нив имаа токму оние “интелектуалци” со бугароманска ориентација – Димитар Димитров, Миле Неделковски, Димитар Тефчев, Ѓорѓи Боев и др. За време на оддржувањето на протестите Димовска и Ѓорѓи Боев итно заминаа за Бугарија и по обавените консултации таму е одржана седница на ИК на која е одлучено да се изнајде модус за прекин на протестите, што е и сторено. Во тој период Димитров конечно потпишува пристапница за ВМРО-ДПМНЕ и уште од стартот со помош на неговиот истомисленик Андреја Андрејчин тргнува во офанзива да го руши младинското раководство барајќи за потпретседател на ИК на УМС да биде избран Антонио Милошoски, а за член Влатко Стаматовски (единствените адути на бугароманите меѓу младите). Во тој период младите се единствени, категорички го отфрлаат барањето и револтирано најавуваат нивно исклучување од редовите н УМС, но по интервенција на некои членови на ИК на Партијата оваа иницијатива на младинците е стопирана. Димитров не се помирува со тоа, бара смена на Змејковски, а во постоечкиот Совет на интелектуалци да влезе Лепавцов како и да се отсранат сите апликации, знамиња и симболи од шеснаесеткракото сонце кое според него било “српско-грчко подметнување”. Георгиевски не ги прифати овие барања на Димитар Димитров и тој во почетокот на април месец 1997 година демонстративно ја напушти Партијата, за да по неколку месеци подоцна се врати во неа, но овој пат како член на новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
[....]
Во тој меѓупериод од 27.3. до 15.5. 1997 Димовска и нејзината бугароманска тајфа се во постојан контакт со бугарскиот и рускиот амбасадор во Скопје, како и со познатата група бугаромани – Д.Димитров, А.Лепавцев, Миле Неделковски, Ангел Митрев-Геројот и др. На последната седница на Извршниот комитет во очи на митингот на 15 мај 1997 година пробугарската струја упорно настојува меѓу говорниците да се најде нивниот сомисленик Димитар Црномаров, претседателот на ВМРО-Татковинска, како и Илија Ѓозев – осознаен бугароман како “ветеран” наместо претставник на Здружението на политичките осуденици на ВМРО спрема кои Димовска и Георгиевски покажуваат отворена нетрпеливост и негативен став.
[......]
NB: Сите од податоците се црпени од се уште необјавен ракопис (до колку ми е познато) што беше препратен преку е-пошта до неколку вести групи (Makedon - Macedonian Discussion List, и други) во 1999 година и е спомнат во следниов напис во Македонско сонце:
ДОСИЕ: НОВИТЕ ЈАНИЧАРИ - БУГАРШТИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА
Развојот и подемот на бугарофилството во ДПМНЕ
БОРЦИ ЗА ВЕЛИКОБУГАРСКАТА КАУЗА ВО МАКЕДОНИЈА
Пишува: Ранко МЛАДЕНОСКИ
* Според педантните аналитичари, првичните јавни и поотворени манифестирања на пробугарските определби на Георгиевски и Димовска датираат уште од самиот почеток на формирањето на Партијата
* Основната, стратегиска цел на антимакедонскиот заговор е создавање на политичко-правни, објективни и субјективни претпоставки за приклучување на Македонија кон Бугарија, односно практично остварување на Санстефанската утопистичка идеја за создавање на Голема Бугарија "од Црно море до Охрид и од Дунав до Белото море"
* Од 1991 г. Георгиевски и Димовска одржуваат постојани тајни контакти со челниците на ВМРО-СМД и бугарските власти за што домашната јавност, ниту тогаш, ниту подоцна не е информирана
За бугарштината, односно за бугарофилството во партијата ВМРО-ДПМНЕ се зборува веќе долго време. И покрај негирањата од лидерот на оваа Партија, Љубчо Георгиевски, сепак пробугарско-антимакедонските "дејанија" на челниците на ДПМНЕ се евидентни во изминативе десет години. За ова, се разбира, постојат и документи и аргументи и факти, и тоа сервирани не од некој друг, туку од членовите на самиот врв на ДПМНЕ, пред се од Георгиевски, Димовска, Димитров, Лепавцов и други. Во текстов ви нудиме хронологија на развојот и подемот на бугарштината во владејачката партија ДПМНЕ. Повеќето од податоците се црпени од се уште необјавен ракопис.
[....]
For fair use only.
-------------
Info on how the bugaromani organised, schemed, infiltrated and finally took over VMRO-DPMNE in 1997, with Dosta Dimovska and LjuBcho Georgievski as the two leading actors in the plot!