Volk
New member
http://www.gostivari.gov.mk/index.php?lang=mk
What the Cabinet of the Municipality of Gostivar says:
They deny he was attacked, did they see his face? or maybe they attacked him after he shot them dead, fucking lying idiots
What the Cabinet of the Municipality of Gostivar says:
Грозоморнот убиство, последица на владините националистички политики
Општина Гостивар остро го осудува грозоморнот убиство на двајцата млади Албанци, Бесник Шехапи 26 годишен и Имран Мехмеди 30 годишен, што се случи вчера. На семејствата на недолжните жртви им изразуваме најискрено сочуство и ја споделуваме нивната длабока болка, а од надлежните органи бараме целосно разјаснување на случајот и изрекување максимална казна на злосторникот.
Општина Гостивар во врска со нечовечкиот чин на полицаецот изразува длабока огорченост поради фактот што овој настан има и меѓуетничка димензија со што може да се загрози кревката рамнотежа помеѓу Албанците и Македонците кои живеат во нашата Општина, вредност која што со голема посветеност сме се обиделе да ја сочуваме и во најтешките денови.
Фактот што убиството доаѓа од раката на активен полицаец кој одредено време служел во специјалната полициска единица „Тигри„ а моментално му е доверено одбраната на државните граници, ја зголемува загриженоста на сите граѓани на општината и пошироко, дека во органите на редот има место и за криминалци со националистички предрасуди, спремни да убиваат недложни граѓани за многу банални прашања, как што е вербалната расправија за паркирно место.
Цениме дека овој злосторнични чин е последица на владините националистички политики манифестирани преку тешки навреди упатени до Албанците на спортските терени, стимулирани од самата држава, националистичката пропаганда на про-владините медиуми и анти-албанската клима преку проекти финансирани од државниот буџет, како и низа политики и други дејствиа кои што одат во правец на поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост и дестабилизација на земјата.
Изјавата на портпаролот на МВР Иво Котевски, дека полицаецот убиството го извршил во самоодбрана е крајно невистинта бидејќи очевидците го тврдат спротивното. Од полицијата доаѓаат противречни изјави, еднаш дека убиецот сам и се предал на полицијата, а еднаш дека тој бил уапсен.
Грозоморното убиство на двајцата Албанци од Гостивар е последица на занемарувањето на политичката волја на Советот на Општината, последниве три години, од страна на МВР, што резултираше со целосна дезорганизација на полицијата и неизвршување на законските обврски во функција на заштита на граѓаните и нивните имоти.
Општина Гостивар смета дека граѓаните Албанци имаат легитимно право да го изразат своето незадоволство и огорченост преку мирни и демократски протести бидејќи денес како никогаш досега тие се чувствуваат загрозени од припадници на институциите кои се плаќаат за да гарантираат безбедност и мир. Овој преседан треба да биде доволен аргумент за да ова влада дефинитивно констатира политичка одговорност за челници од највисоките нивоа во Министерството за Внатрешни Работи.
Општина Гостивар ги повикува сите граѓани во овие тешки моменти да ја сочуваат ладнокрвноста и да се воздржат од било каков коментар кој што може да поттикне омраза а од надлежните органи а другите релевантни државни институции да се освестат и дефинитивно да се грижат за безбедноста, мирот и благосостојбата на сите граѓани без оглед на нивната етничка, верска, расна припадност или нивниот социјален статус.
29/02/2012
Кабинет на Градоначалникот на Оштина Гостивар
They deny he was attacked, did they see his face? or maybe they attacked him after he shot them dead, fucking lying idiots