Carlin
New member
Пропадна концептот консензуален претседател: ДУИ и Алијансата одат со заеднички кандидат
URL:
https://faktor.mk/propadna-koncepto...-dui-i-alijansata-odat-so-zaednichki-kandidat
Раководството на ДУИ доцна синоќа на партискиот состанок едногласно одлучи дека на претстојните претседателски избори ќе излезе со својот кандидат. Со тоа пропаѓа концептот за консензуален кандидат за шеф на државата кој владиниот коалиционен партнер го заговараше.
Портпаролот на ДУИ Бујар Османи објави дека претседателството одлучило дека ДУИ на претседателските избори ќе излезе со сопствен кандидат, оставајќи ја отворена можноста за соработка со албанските партии од Македонија, но исто така и со партиите на другите заедници во земјата.
"ДУИ на претседателските избори ќе излезе со сопствен кандидат,. Овластивме посредник да оствари разговори со албанските политички партии за евентуална заедничка кандидатска опција, но и со политичките партии на другите заедници за кандидат кој ќе биде над етнички, но ќе видиме како ќе се одржат разговорите за ова прашање ", рече Османи.
Алијансата за Албанците на Зијадин Села веднаш ја поздрави одлуката донесена за претседателските избори.
"Ја поздравуваме едногласната одлука на ДУИ да се натпреварува со нивниот кандидат за претседателските избори. Посакувавме кандидатот на ДУИ да биде Албанец! Не сакаме да веруваме дека оваа одлука дојде како резултат на затворени врати и презир кон ДУИ во врска со нивната лажна идеја за консензуален кандидат, со СДСМ денес, со ВМРО-ДПМНЕ вчера. Се надеваме дека одлуката на ДУИ е поврзана со предизвикот за кој што претседателот Зијадин Села јавно говореше преку медиумите. Бидејќи го прифативте овој предизвик, посакувам да ги прифатите и предвремените парламентарни избори заедно со претседателските избори ", се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.
И претседателот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа пред новинарите потврди дека ДУИ сака да договори заеднички кандидати со некоја албанска партија.
Бујар Османи пак рече дека „Нема подобри времиња за предвремени парламентарни избори за ДУИ, бидејќи ги исполниле ветувањата на време пред гласачите“.

Last edited: