Dimko-piperkata
New member
Live Score го врати името на Македонија
http://www.makfax.com.mk/look/novin...n=2&NrArticle=130084&NrIssue=807&NrSection=10Скопје /30/10/ 11:07
Еден од најпознатите светски интернет портали за спортски резултати Live Score, денеска го врати на сајтот името Republic of Macedonia.
Ова име на порталот беше во употреба од 2002 година и во средата беше заменето со името Republika Makedonija, што се совпаѓа со еден од предлозите на посредникот Метју Нимиц.
Откако забележа дека е сменето уставното име Независната новинска агенција Макфакс во средата попладне упати писмо до порталот Live Score барајќи објаснување поради кои е сменето името.
Прашањето беше кои се причините што порталот Live Score го смени уставното име на Македонија, кое го користи од 2002. година и да ли тоа е последица на сугестии или притисоци од надвор.
По вчерашната реакција уставното име на Македонија е вратено на сајтот на Live Score и под тоа име се објавуваат резултатите на националната репрезентација. Меѓутоа,напоредно со тоа од сајтот се повлечени резултатите од фудбалското првенство на Македонија.
Live Score е еден од најстарите, најпознати и најпосетувани светски портали за следење на резултати од меѓународниот фудбал, тенис и хокеј, основан во 1998 година.