Јован Кукузел
New member
Груевски ги посети Македонците во Голо Бр

Груевски ги посети Македонците во Голо Брдо
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска го посети селото Требиште во областа Голо Брдо, Република Албанија, каде се сретна со локалното население.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Груевски одржа средба со претставници на македонското национално малцинство во Албанија и партијата Македонска алијанса за европска интеграција, на која станало збор за потребите за продлабочување на поддршката и соработката помеѓу Македонија и Албанија, со цел да се подобрат условите за живот на етничките Македонци кои живеат во областа Голо Брдо, особено во делот на патната инфраструктура, образованието и здравствената заштита.
Во рамки на посетата, премиерот Груевски, присуствувал и на час по македонски јазик за децата од Голо Брдо, кои за оваа прилика приредиле кратка презентација и рецитал.
Во македонската делегација, предводена од премиерот Груевски, беа и министрите за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за локална самоуправа Невзат Бејта, заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров и македонскиот амбасадор во Албанија Веле Трпевски.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=6B3B674DD5AC10468C5166F3CC7B1DF4