Jankovska
New member
Or ir doesn't matter because this people are Romi? Is this why the inspektori went with the police? And where do you think is accaptable for police officers to be beating people up, old people and women? Just to show you because last time in Shutka 'they had every right'. Maybe it is something more, the Romi can be beaten in Macedonia and no one can give a flying fuck. I have always been against it and will stay against the racisam and brutality of the police especially against the Romi in Macedonia. They should not get sued, they should be suspended on the spot.
Полицијата со пендреци и тупаници не исели“
Александар Момировски Коментари (0)
07.05.2010 16:48
Елизабета Еминова
Истепани oти не сакале да го напуштат местото за кое што тврдат дека е нивно живеалиште. Вистинска драма се случувала утринава пред разурнатиот дом на семејството Еминови во општина Аеродром.
Овие луѓе велат дека со ќотек, мавање со пендреци, тупаници и кубење за коса завршил обидот на полицијата сосила да ги исели од местото каде пред неполн месец им беа урнати импровизираните бараки. Тепањето почнало откако мајката во семејството се обидела да ги спречи екипите да ја качат во камион покуќнината за да ја фрлат на буниште.
„Повредена сум на грбот, ме тегнеа за коса и на сила не ставија во комбето и мене и маж ми“, рече Елизабета Еминова.
Ова се трагите од пендреците кои завршиле на грбот на Аљуш откако се обидел да ги спречи полицајците да ја тепаат неговата жена. Вели дека 40 минути биле држени во полициско комбе каде продолжило мавањето. Иако инсистирал полицијата не ги одвела во станица.
„Полицаецот ја грабна за коса, јас скокнав да ја одбранам жена ми, едниот ми ја фати раката, ми ја искриви и почнаа да ме буткаат накај комбето. Бидејќи се противев, падна врз мене и ме претепаа. Ваква работа само Гестапо правел на времето“, вели Аљуш Еминов.
Од ќотек не куртулил ни дедото во семејството. Тој вели дека него не го тепала полицијата, туку возачот на комбето со кое требало да се однесе покуќнината.
„Зошто да ме удираат, зошто на сила да ме носи во комбето и четири пет пати ме удрија по вилицата“, изјави Садетин Мехмедов.
Аљуш Еминов
Во МВР велат дека имало нивни екипи за асистенција утринава, но бараат Еминови да ги пријават забелешките во секторот внатрешна контрола. Ако се утврдат пропусти или прекумерна употреба на сила врз полицајците ќе бидат применети соодветни санкции.
Еминови велат дека ќе ја тужат полицијата, а за настанот ќе го известат Хелсиншкиот комитет и народниот правобранител. Нивните роднини кои живеат во близина зборуваат дека полицијата била брутална.
„Сабајле дошла полиција, инспектори, почнаа да викаат, веднаш почнаа со удирање, малтретирање“, рече Шаип Реџеп.
Голготата на семејството Еминови, кое има четири малолетни деца трае веќе 7 години. Овие луѓе немаат имотен лист и доказ за сопственост, но живеат овде со децении.
Во 2007 општината Аеродром им ги урна куќите. Оттогаш наваму Еминови се снаоѓаат како знаат за покрив над глава, но не го напуштаат ова место каде сега е предвидено да се гради спортски центар