Sv. Nikola
New member
промоција на Република Македонија - публи
Македонските дипломати триумфираа во Австралија
четврток, 24 јуни 2010
Екипата на македонската Амбасада во Австралија освои прво место на Светското парламентарно-дипломатско фудбалско првенство што го организираше Австралискиот Парламент во чест на Светското фудбалско првенство од 27 мај до 23 јуни годинава
На првенството учествуваа 26 екипи преставувани од дипломатско-конзуларните претставништва од Австралија, како и пратеници и политичари од австралискиот политички живот.
Екипата на Амбасадата на Република Македонија во Австралија одигра пет натпревари и на сите пет натпревари оствари убедливи победи. Во првиот натпревар беше совладана екипата на Високиот Комесарјат на Папуа Нова Гвинеја со резултат од 18:1. Во вториот натпревар беше совладана екипата на Амбасадата на Шпанија со резултат 5:3, а во третиот натпревар Амбасадата на Италија беше совладана со резултат од 5:2. По ова екипата на Амбасадата на Република Македонија во Австралија се пласира во полуфиналето каде за противник ја имаа екипата на Амбасадата на Република Кореја, која ја победи со 4:0. По овој натпревар следуваше финалето каде за противник на нашата Амбасада беше екипата на Високиот Комесерјат на Малезија, која беше совлада со 7:1.
Екипата на Амбасадата на Република Македонија ја сочинуваат амбасадорот Перо Стојановски, Костадин Тасевски, Тони Трпески, Тони Тасевски, Горан Јосифовски, Дејан Томески, Ѓоко Јанкулоски, Влатко Томески, Тони Алексоски, Змејко Трајкоски и Јордан Петрески.
На доделувањето на пехарот на капитенот на победничкиот тим амбасадорот Перо Стојановски од страна главениот координатор на организацијата на првенството беше посочено дека екипата на Амбасадата на Република Македонија покажала одлична игра и заслужено го освоила првото место.
За средината на септември е најавено одржување ревијален фудбалски натпревар на политичарите од Австралија со екипата на Амбасадата на Република Македонија. Натпреварот ќе биде добра можност и за промоција на Република Македонија бидејќи ќе има уште поголем публицитет во австралиската јавност, се наведува во соопштението од Амбасадата на Република Македонија во Канбера.