Prolet
New member
ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски е нашиот херој!
четврток, 01 април 2010
Сакам да ја информирам македонската јавност дека денеска констатирав дека за цело време ВМРО-ДПМНЕ и македонскиот народ биле во заблуда, изјави денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски
На денешната прес-конференција, по повод денот на шегата 1-ви Април, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски го изјави следното:
„Сакам на овој голем ден да потврдам дека почитуваниот господин Црвенковски е човек со достоинство, интегритет, храброст и силен и високо изразен морал.
Господинот Црвенковски е личност, не е личност, тој е личност ипол. Тој е вистински маж, државник, политичар и човек од збор. Се што ветува овој човек исполнува, и тука нема трте мрте.
Ова е човек без ниедна дамка во своето политичко делување. Човек кој донесе инвестиции во Република Македонија, човек кој вработи не по еден - него по двајца членови од секое семејство.
Тој е човек кој не лаже, кој не краде, и нема никакви пороци.
Тој е голем верник, не, тој е верник и пол.
Тој е човек кој бескомпромисно расчистуваше со криминалот и корупцијата, кој што спречуваше шверц со дрога, шверц со нафта и шверц со цигари.
Вистински спасител. Не, спасител и пол.
Тоа е човекот кој храбро застана на плоштадот во 1991 година кога се прогласуваше независноста.
Човек пријател на сите, море пријател и пол, на стечајците, на земјоделците, на младите, на пензионерите,…
Човек кој ја изгради пругата кон Бугарија и човек кој ги укина визите за македонските граѓани.
На денешен ден треба да се слави неговото име. Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија денес да го слават.
Јас сум многу возбуден што имам можност денес да бидам во негова близина. Тој сите нас не гледа, за сите нас се грижи и љубов шири.
Тој е мојот херој, не херој, туку херој и пол.
Честит 1 април.“
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=45365
http://translate.googleusercontent....le.com&usg=ALkJrhgOLPE_iBgoBmezfg-w23mHRe2UzQ