Пишува Тодор ПЕТРОВ
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА ПРОГОНЕТИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ЅВЕЗДА ВЕЛЕС
СПОМЕН ЗА ЛЕКУВАНИТЕ БОРЦИ НА ДАГ ВО ЈАСЕНОВО 1948 ГОДИНА
2 март 2013 година, Чашка, Македонија - Во организација на Здружението за заштита на човековите права на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија ЅВЕЗДА Велес и на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН на 3 март, недела, во 12 часот пред болницата во Јасеново, Чашка, велешко, ќе се открие спомен плоча за ранетите борци на Демократската Армија на Грција (ДАГ), Македонци и Грци, во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, лекувани во болницата во Јасеново.
Болницата во Јасеново е дел од Антифашистичката војна 1941-1945 година која ја водеа Македонците и Грците и соработката на Народно-ослободителната војска на Македонија (НОВМ) и Народно-ослободителната војска на Грција (ЕЛАС) и Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година како продолжение на Втората Светска Војна во која партизаните на Демократската Армија на Грција (ДАГ) се бореа против грчките монархофашисти. И покрај обвинувањата на Владата во Атина за мешање во внатрешните работи на Грција, Македонија ја помагаше антифашистичката војна во Грција со доставување на воена опрема и лекување на ранетите борци на ДАГ, Македонци и Грци, во македонските болници на осоговската планина Пониква, 15 километри југозападно од Кочани во 1947 година, Катлановска бања до Петровец во 1947-1948 година и Јасеново до Чашка велешко во 1948-1949 година. Низ овие болници во Македонија лекувани се 6316 ранети. На околу 2.500 им биле извршени хируршки интервенции, од кои 200 оперирани починале за време на операцијата. 146 борци починале за време не транспортот, а 46 биле донесени мртви. Починатите се закопани во кругот на Катлановска бања и болницата Јасеново, но гробовите до денес не им се откриени.
Пред спомен-обележјето во Јасеново свежо цвеќе ќе положат делегации на Здружението ЅВЕЗДА од Велес, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и на Светскиот Македонски Конгрес.
ТАЈНАТА НА БОЛНИЦАТА ВО ЈАСЕНОВО - СВЕДОШТВО ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХУМАНИЗАМ!
Пишува Тодор ПЕТРОВ
Специјалната Болница за белодробни заболувања и туберколоза Јасеново во општина Чашка, велешко, на 400 метри надморска височина, на падините од Јасеновската планина, со таа во Лешок, се единствени во земјава за овие болести. Поради својата местоположба и локацијата во густа шума, пациентите ја нарекуваат македонски Шварцвалд бидејќи таа е вистинска воздушна бања. Од пред десетина години тука се лекуваат и срцеви болни. После 60 години, минатата 2012 година, со инвестиција на Министерство за здравство на Република Македонија, болницата Јасеново беше реновирана, граѓаните на Македонија добија европска болница со високи стандарди: со сончеви колектори, нова амбуланта, болнички стационарен дел со четириесет легла, нова специјалистичка опрема со сите процедури за дијагностика, лекување и рехабилитација на срцевите и белодробните болести.
Меѓутоа, болницата во Јасеново заслужува посебно внимание, има историска заслуга и значење, затоа што е изградена само за три месеци, од март до јуни 1948 година, за лекување на ранетите Македонци и Грци борци на Демократската Армија на Грција (ДАГ) во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.
Болницата во Јасеново е дел од Антифашистичката војна 1941-1945 година која ја водеа Македонците и Грците, произлезе од соработката на Народно-ослободителната војска на Македонија (НОВМ) и Народно-ослободителната војска на Грција (ЕЛАС) во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година како продолжение на Втората Светска Војна во која партизаните на Демократската Армија на Грција (ДАГ) се бореа против грчките монархофашисти. И покрај обвинувањата на Владата во Атина за мешање во внатрешните работи на Грција, Македонија ја помагаше антифашистичката војна во Грција со доставување на воена опрема и лекување на ранетите борци на ДАГ, Македонци и Грци, во македонските болници на осоговската планина Пониква, 15 километри југозападно од Кочани во 1947 година, Катлановска бања до Петровец во 1947-1948 година и Јасеново до Чашка велешко во 1948-1949 година. Низ овие болници во Македонија лекувани се 6316 ранети. На околу 2.500 им биле извршени хируршки интервенции, од кои 200 оперирани починале за време на операцијата, 146 борци починале за време не транспортот, а 46 биле донесени мртви. Починатите се закопани во кругот на Катлановска бања и болницата Јасеново, но гробовите до денес не им се откриени.
Договорот меѓу Сталин и Черчил во 1944 година, Грција да и’ припадне како интересна сфера на Велика Британија, а Романија и Бугарија на Русија, ја промени историјата на Грција, на Македонците и на Македонија. Велика Британија заради страв од комунизација на Грција со победата на Комунистичката партија на Грција (КПГ) и ЕЛАС, ги врати монархофашистите на власт кои жестоко почнаа да се пресметуваат со поранешните борци на ЕЛАС, посебно со Македонците кои во Втората Светска Војна најмногу учествуваа и ја помагаа борбата против германските фашисти односно окупатори и нивните соработници грчките монархофашисти. Судирите меѓу единиците на ЕЛАС, од една страна и владината грчка војска со полицијата помогнати од британските единици од друга страна, започнуваат на 4 декември 1944 година во Атина и завршуваат на 12 февруари 1945 година кога во Варкиза, урбанизирана зона која формира дел од општината Вари во јужна Атика, е потпишан договор помеѓу претставниците на грчката влада и претставниците на Народно-ослободителниот фронт на Грција (ЕАМ) за прекинување на граѓанската војна, за формирање на коалициона Влада на Грција, демобилизација на борците на ЕЛАС и предавање на оружјето. Владата формирана на преговорите во Варкиза, наместо да се заложи во Грција да завладеат мирот, слободата и демократијата, им даде неограничени права на новосоздадената војска и жандармерија, да дејствуваат одмазднички, прогонувајќи ги сите кои четири години се бореле против фашистичките окупатори и тие кои ја помагале борбата на ЕЛАС.
Не можејќи да го спречи овој терор, КПГ и другите демократски сили ја напуштаат коалиционата влада на Грција и започнуваат борба против неа. Ним им беше јасно дека таа борба ќе биде многу тешка, затоа што противниците ја имаа поддршката на САД и од Велика Британија, и затоа КПГ и другите демократски сили на Грција побараа помош од Советскиот Сојуз и соседните држави во кои комунистичките партии беа на власт. Бидејќи ЕЛАС и ЕАМ повеќе ги немаше, тие решија да создадат нова армија со име Демократска Армија на Грција (ДАГ).
На 2 април 1946 година во Белград во разговорите меѓу КПЈ и КПГ постигнат е договор за помош во воена опрема и оружје, храна, лекови и медицински услуги на болните и ранетите борци во болниците во Македонија. Прифатен е и предлогот, во Политбирото на КПГ да влезе еден Македонец, Паскал Митрески кој во Солун добро соработувал со генерал Маркос, а во Главниот штаб да влезе Џоџо Урдов, истакнат борец за правата на Македонците во Егејска Македонија, како и четири инструктори за обука на борците на ДАГ.
За болница за ранетите борци на ДАГ бил одбран воен објект кој војската на стара Југославија го изградила во 1930 година на местото наречено Пониква, оддалечено 15 километри од Кочани. Првите ранети во него доаѓаат во средината на јуни, донесени од границата на Кожуф. Поради лошиот пристап и нерасполагање на потребните протетички помагала поради потребата од ампутации на раце или нозе на ранетите, веќе во септември и октомври 1947 година донесено е решение да се бара друг објект за оваа намена.
Во ноември 1947 година болницата од Пониква е преселена во Катлановска бања. Закопот на починатите борци се решавал со носење земја од нивите, иако тоа многу не помогнало, затоа што поројните дождови често ја носеле и гробовите останувале голи на карпестиот терен.
Поради барање на околиските одбори на Скопје и Куманово за бањско лекување на граѓаните, пронајдена е нова локација за преселување на болницата. Со германски заробеници, за само три месеци од март до јуни 1948 година изградена е нова болница во Јасеново. Така летото 1948 година започнува со работа болницата во Јасеново, за кусо време болните и ранетите од Катлановска бања биле преселени во болницата во Јасеново. Ранети и болни во Јасеново имало до есента 1949 година, односно до крајот на Граѓанската војна во Грција.
Поголем број од ранетите Македонци останале во Македонија, а мал број Грци заминале во Бугарија, Унгарија, Романија, Чехословачка и во Советскиот Сојуз. Голем број се вратиле назад на фронтот во Грција.
Последната битка меѓу владините сили и единиците на ДАГ се одиграле во регионот Грамос, Вичо и Кајмакчалан. Решавачката борба започнува на 10 август 1949 година. На 17 август 1949 година владините сили ја освојуваат планината Вичо, а на 28 август 1949 година и врвот Грамос, висок 2522 метри. Борбите завршиле на 29 и 30 август 1949 година. Во нив учествувале британски авиони спитфаери и американски авиони од типот Хелидверс.
Тоа сеќавање како строго чувана тајна, денес заслужува внимание и јавно одбележување. Затоа и иницијативата на Здружението за заштита на човековите права на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија ЅВЕЗДА од Велес, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, за одбележување на местото каде се лекувани ранетите Македонци и Грци борци на ДАГ во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, како сведоштво за помошта која Македонија им ја даваше на антифашистите и борците за слобода, правда и демократија во јужниот сосед Грција, со уверување дека на тој начин ќе се реши и македонското прашање, ќе се унапреди положбата и правата на Македонците во Грција. Благодарност на сите кои учествувале во изградбата и работата на овие болници, благодарност до медицинскиот персонал, благодарност до сите кои учествувале во организацијата на пречекот и испраќањето на болните и ранетите Македонци и Грци, борци на ДАГ во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година. Вечна им слава на упокоените за слобода на татковината! Амин!
(2)
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА ПРОГОНЕТИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ЅВЕЗДА ВЕЛЕС
ЕГЕЈСКА ВЕЧЕРА ВО ВЕЛЕС
5 март 2013 година, Велес, Македонија - Во организација на Здружението за заштита на човековите права на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија ЅВЕЗДА од Велес неделава во ресторан Лозар на Велешкото езеро се одржа традиционалната Егејска вечер на Македонците од Егејскиот дел на Македонија што живеат во Велес. На вечерта имаше бројни гости Македонци од Егејскиот дел на Македонија и од Штип, Скопје, Кочани, Гевгелија.
На вечерата присуствуваа пратениците Трајче Димков од Штип и Ѓорѓи Коџабашиев од Велес, како и советници во Советот на општина Велес.
Присутните ги поздрави претседателот на Здружението за заштита на човековите права на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија ЅВЕЗДА од Велес Бошко Божинов, претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН Ташко Јованов и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.
На вечерата имаше богата културно-уметничка програма, со неколку песни настапи Марија Димкова, а со ора од Егејскиот дел на Македонија играорната група “Вила Зора“ од Велес.
ОБРАЌАЊЕ НА ТОДОР ПЕТРОВ: МАКЕДОНЦИТЕ ЗАЕДНО СО ГРЦИТЕ ЈА ОСЛОБОДИЈА ГРЦИЈА ОД ФАШИСТИТЕ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА!
Почитуван господине Трајче Димков. Почитуван господине Ѓорѓи Коџабашиев, пратеници во Собранието на Република Македонија, почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки. Имам чест да го поздравам и најстариот меѓу нас, роден 1922 година, 91-годишниот Раде Гогов Црноречки, кој бил главен организатор и одговорен за прифатот и лекувањето на ранетите Македонци и Грци борци на Демократската армија на Грција во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, во болниците во Македонија на Пониква, Катлановска Бања и во Јасеново, во периодот од 1947 до 1949 година.
Денес имавме прекрасен ден, после 64 години, на местото чувано како строга воена тајна, пред Специјалната болница за белодробни заболувања и туберколоза Јасеново во општина Чашка, велешко, поставивме спомен-обележје како сеќавање на ранетите Македонци и Грци борци на Демократската Армија на Грција во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, лекувани во неа во 1948-1949 година.
Болницата во Јасеново заслужува посебно внимание, затоа што е изградена само за три месеци, од март до јуни 1948 година, за лекување на ранетите борци на Демократската Армија на Грција (ДАГ), Македонци и Грци, во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, откако претходно прифатот на болните и ранетите започнува во Пониква од јуни до ноември 1947 година, па во Катлановска Бања од ноември 1947 до јули 1948 година. Низ овие болници во Македонија лекувани се 6316 ранети, врз околу 2.500 биле извршени хируршки интервенции, 200 оперирани починале за време на операцијата, 146 борци починале за време не транспортот, а 46 биле донесени мртви. Починатите се закопани во близина на болниците, но гробовите до денес не им се откриени, коските од времето однесени.
Слава им на упокоените, благодарност до лекарите кои ги лекувале болните и ранетите.
Денес, со директорот на болницата во Јасеново договоривме спомен-соба за ранетите борци на ДАГ, ќе поведеме иницијатива за ексхумација на стотина закопани од починатите борци на ДАГ, запознавме жив сведок кој точно ја знае локацијата каде упокоените биле закопани, за да им оддадеме христијански и македонски, почит, да ги погребаме достојно во заедничка спомен-костурница за траен помен.
Веруваме дека оваа средба, во организација на Здружението Ѕвезда од Велес, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес ќе стане традиционална.
Исто одбележување ќе имаме и на Пониква кочанско и на Катлановска бања скопско и на Маркова Нога ресенско.
И бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, почитувани браќа и сестри, и покрај се, никогаш да не заборавиме. Со Балканските војни 1912-1913 година, врз Македонија е извршена окупација, врз Македонците е извршен геноцид кој трае до денес. Оваа година се навршуваат 100 години од поделбата на Македонија и Македонците со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Достојно ќе ја одбележиме со порака за семакедонско помирување и обединување на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет.
Светскиот Македонски Конгрес иницира собир на сите здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, единствени и обединети, да испратиме силна порака до светот за нашите права и слободи.
И она што е најважно, зошто е важна Граѓанската војна во Грција за нас Македонците и за Македонија, да знаеме секому да објасниме на генерациите кои растат и на светот. Македонците, заедно со Грците во Втората Светска Војна 1941-1945 година и во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година како продолжение на антифашистичката војна, се бореа против фашистите и ја ослободија Грција од фашизмот. На тој начин се вградија во државноста на Елада и поради тоа им следат сите човекови и граѓански права и слободи, како еднакви меѓу еднаквите и рамноправни со рамноправните.
За жал, договорот меѓу Сталин и Черчил во 1944 година, Грција да и’ припадне како интересна сфера на Велика Британија, а Романија и Бугарија на Русија, ја промени историјата на Грција, на Македонците и на Македонија. Грчките монархофашисти како соработници на германските, бугарските и италијанските фашисти и окупатори, жестоко се пресметаа со борците на ЕЛАС и ДАГ, посебно со Македонците кои најмногу во нив учествуваа, затоа што Атина се плашеше од автономија на Македонија во рамките на Грција или нејзиното целосно обединување.
Продолжуваме пред македонските и грчките власти и меѓународната заедница со барањата за враќање на државјанствата и имотите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни и Граѓанската војна во Грција. Од Атина бараме извинување за сите историски и општествени неправди, бараме репарации. Некои експерти проценуваат дека станува збор за најмалку 30.000 милијарди евра за експлоатација на природните и културните богатства од окупираните територии на Македонија и штетите врз животите и имотите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија.
И покрај се’, Македонија повторно е суверена држава, Македонците повторно се суверена нација и тоа повеќе никој и никогаш не може да го смени. Отфрламе референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор заради промена на државното име Македонија.
Македонците во целиот свет бараат итен и безусловен прекин на разговорите за промена на државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција Македонија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (RepublikaMakedonija), туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и на македонскиот јазик, независно од историските хипотеки. Доколку антимакедонизмот на Елада, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Хеленската Република за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина, Македонците го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО-Алијансата!
Во Егејскиот дел на Македонија, најчесто на прашањето “Шо ста виа“, Македонците ќе ви одговарат “Ми даљ знајме бе синко, ниа сме тукашни, уд тук сма“. А, на прашањето “А шо ј’зик лафте“, ќе ви одговарат “Ми даљ знајме шо ј’зик лафме, тукашин ј’зик“. Паметам баба ми, Бог да ја прости, протерани од Егејскиот дел на Македонија, од Балканските војни, од Мачуково денес Евзони, кога ќе ја прашав “Добро ма бабо, зар не знаахте шо сма“. Следеше одговорот “Как не знаахме бе синко шо сма, Макидонци сма ниа. Ама не знаахме кој на питуве, грчки, српски или бугарски агенти. Шо деца ги п’ргулта мисичинта. Ќи ти у земат детто уд пред порта, ќи гу утепат на границта и ќи ти гу дунесаа уф с’ндуќ, бигал, ќи кажаа“. Затоа биле тукашни, зборувале тукашен јазик, да се спасат од интернација или ликвидација.
Ако така било, денес е поинаку. Денес живееме во слободна Македонија, макар на еден дел од етно-историските граници и гордо и гласно велиме: Ние сме Македонци! Нашата држава се вика Македонија, ние сме Македонци, нашиот јазик е македонски!
Нека Господ Бог не’ благослови сите нас, Бог да ја благослови Македонија! Да Ви даде Господ здравје и живот и за арно да се гледаме. Да живее Македонија! Амин!
(3)
ВО ЈАСЕНОВО ОТКРИЕНА СПОМЕН-ПЛОЧА ЗА РАНЕТИТЕ МАКЕДОНЦИ И ГРЦИ БОРЦИ НА ДАГ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА
4 март 2013 година, Јасеново, Македонија - Во дворот на Специјалната болница за белодробни заболувања во Јасеново неделава беше откриена спомен - плоча за сеќавање на ранетите борци Македонци и Грци, припадници на Демократската армија на Грција (ДАГ), учесници во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, лекувани во оваа болница 1948-1949 година.
Настанот се одржа во организација на Здружението за заштита на човековите права на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија ЅВЕЗДА Велес и Сојузот на Македонците од Егејот-МАКЕДОН.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој ја откри спомен плочата, по тој повод изјави дека оваа Влада прва го покренала прашањето на враќање на имотите на Македонците од Егејска Македонија. Со гордост потенцира дека и тој е потомок на деца бегалци од Егејска Македонија и најави дека Владата ќе продолжи да ги подржува сите активности на овие здруженија за поставување и на други спомен обележја во чест на борците од Егејскиот дел на Македонија кои се бореле во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.
За настаните во Граѓанската војна во Грција зборуваа проф.д-р Виолета Ачкоска и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров. Присутните ги поздравија претседателот на Здружението за заштита на човековите права на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија ЅВЕЗДА од Велес Бошко Божинов и претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН Ташко Јованов.
Претседателот на Светскиот Македонски конгрес, Тодор Петров, обраќајќи се пред присутните потсети на настаните кои се случувале во периодот до 1949 година.
- Македонија ја помагаше антифашистичката војна во Грција со доставување воена опрема и лекување на ранетите борци на ДАГ, Македонци и Грци, во македонските болници на осоговската планина Пониква, 15 километри југозападно од Кочани во 1947 година, Катлановска бања до Петровец во 1947-1948 година и Јасеново до Чашка, велешко во 1948-1949 година. Низ овие болници во Македонија лекувани се 6.316 ранети. На околу 2.500 им биле извршени хируршки интервенции, од кои 200 оперирани починале за време на операцијата, 146 борци починале за време на транспортот, а 46 биле донесени мртви. Починатите се закопани во кругот на Катлановска бања и болницата Јасеново, но гробовите до денес не им се откриени, рече Петров.
Обврска, според Петров, на овие здруженија е да ги најдат гробовите на загинатите борци Македонци и Грци, да ги ексхумираат и достојно да ги закопаат во заедничка гробница спомен-костурница.
Раде Гогов Црноречки, автор на книгата “Лекување на борци на ДАГ во Македонија“, како организатор и одговорен во 1947 година, евоцираше спомени за болницата во Јасеново и организацијата на прифатот на болните и ранетите Македонци и грци од Грција во македонските болници борци на Демократската армија на Грција во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.
За присутните беше изведена и богата културно-уметничка програма. Извадоци од романите “Црно семе“ и “Црноборје“ читаа учениците Станче Кузмановски и Александра Петровска, а лични творби читаа Кристијан Гуновски, Тања Славева, Ана Марија Џунџева, Иренка Христова, Андреа Арсов и Викторија Петровска, сите ученици во гимназијата “Кочо Рацин“ во Велес, како и поетесите Славјанка Љуткова и Билјана Настоска. Сплет од македонски песни и ора изведоа ансамблот “Распеани Велешани“ и играорната група “Вила Зора“.
Ѓорѓи Доцев Банев ја рецитираше стихотворбата “Пискотници и денес се слушаат од Грамос, Вич“ од неговата стихозбирка “Пранги“.
Организаторите на манифестацијата благодарност упатија до општините Чашка и Велес, Специјалната болница за белодробни заболувања во Јасеново, министерството за здравство, КРИН ДОО Прилеп, Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Круѓодарци од Лерин во Македонија и Свеетскиот Македонски Конгрес, како и на Александар Ѓорѓиев, скулптурката Валентина Стефановска, архитектот Тања Бижинова, Вардар градба Скопје, Хемија комерц Велес, Делта-пром Велес, Ива инжинеринг Велес, АД Димко Митрев Велес, Аграр трејд Велес, Пан-промет Велес, Печатницаи книжарница ИВА 2003 Велес, Павор отпад Велес, Таверна Деспина Велес, Ирена такси Велес и Зага маркети Велес.
Претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН Ташко Јованов му врачи посебна плакета на директорот на Специјалната болница за белодробни заболувања во Јасеново Гоце Бузалков.
ОБРАЌАЊЕ НА ТОДОР ПЕТРОВ: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ВГРАДИЈА ВО ДРЖАВНОСТА НА ЕЛАДА!
Почитуван отец, почитуван господине Спиро Ристовски министер за труд и социјална политика, почитувани пратеници, почитувани советници, почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, Специјалната Болница за белодробни заболувања и туберколоза Јасеново во општина Чашка, велешко, поради својата местоположба и локација, ја нарекуваат македонски Шварцвалд, бидејќи е вистинска воздушна бања. Денес тука се лекуваат и срцеви болни. Радува што после 60 години, минатата 2012 година, со инвестиција на Министерство за здравство, граѓаните добија реновирана европска болница со високи стандарди. Им посакуваме здравје на сите што овде се лекуваат и плодни резултати на лекарите и вработените.
Болницата во Јасеново заслужува посебно внимание, затоа што е изградена само за три месеци, од март до јуни 1948 година, за лекување на ранетите борци на Демократската Армија на Грција (ДАГ), Македонци и Грци, во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, откако претходно прифатот на болните и ранетите започнува во Пониква од јуни до ноември 1947 година, па во Катлановска Бања од ноември 1947 до јули 1948 година. Низ овие болници во Македонија лекувани се 6316 ранети, врз околу 2.500 биле извршени хируршки интервенции, 200 оперирани починале за време на операцијата, 146 борци починале за време не транспортот, а 46 биле донесени мртви. За жал, на починатите, закопани во близина на болниците, гробовите до денес не им се откриени, коските од времето однесени. Разговарав денес со жив сведок, кој за среќа точно ја знае локацијата каде се закопани стотина од упокоените. Ќе поведеме постапка пред надлежните за ексхумација, достојно и христијански да ги закопаме во заедничка спомен-костурница.
Болницата во Јасеново е дел од Антифашистичката војна 1941-1945 година која ја водеа Македонците и Грците, дело на соработката на Народно-ослободителната војска на Македонија (НОВМ) и Народно-ослободителната војска на Грција (ЕЛАС) и Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година како продолжение на Втората Светска Војна во која партизаните на Демократската Армија на Грција (ДАГ) се бореа против грчките монархофашисти. И покрај обвинувањата на Владата во Атина за мешање во внатрешните работи на Грција, Македонија, ја помагаше антифашистичката војна во Грција со доставување на воена опрема и лекување на ранетите борци на ДАГ, Македонци и Грци, во македонските болници на осоговската планина Пониква, Катлановска бања и Јасеново. И во тоа не погрешивме.
Тоа сеќавање како најстрого чувана тајна, денес заслужува внимание и одбележување. Затоа и сме овде збрани, да го одбележиме местото каде се лекувани ранетите Македонци и Грци борци на ДАГ во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, како сведоштво за помошта која Македонија им ја даваше на антифашистите и борците за слобода, правда и демократија во јужниот сосед Грција, со уверување дека на тој начин ќе се придонесе кон решавање на македонското прашање, ќе се унапреди положбата и правата на Македонците во Грција. Благодарност на сите кои учествувале во изградбата и работата на овие болници, благодарност до медицинскиот персонал, благодарност до сите кои учествувале во организацијата на пречекот и испраќањето на болните и ранетите Македонци и Грци, борци на ДАГ во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година. Вечна им слава на упокоените за слобода на татковината!
Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки. Со Балканските војни 1912-1913 година, врз Македонија е извршена окупација, врз Македонците е извршен геноцид кој трае до денес. Оваа година се навршуваат 100 години од поделбата на Македонија и Македонците со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Достојно ќе ја одбележаме со порака за семакедонско помирување и обединување на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет.
Македонците, заедно со Грците во Втората Светска Војна 1941-1945 година и во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година како продолжение на антифашистичката војна, се бореа против фашистите и ја ослободија Грција од фашизмот. На тој начин се вградија во државноста на Елада и поради тоа им следат сите човекови и граѓански права и слободи, како еднакви меѓу еднаквите и рамноправни со рамноправните.
СОЈУЗ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈОТ МАКЕДОН
ИЗЛОЖБА “ПРОГОНСТВО ШТО ТРАЕ...“
22 март 2013 година, Скопје, Македонија - Во организација на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, денес, петок, со почеток во 11 часот во Народната и универзитетска библиотека “Свети Климент Охридски“ во Скопје ќе биде отворена Изложба “Прогонство што трае...“ посветена на 100 годишнината од Балаканските војни 1912-1913 и 65 годишнината од насилно протераните деца Македонци од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949.
Изложбата ќе ја отвори директорот на НУБ “Свети Климент Охридски“ Миле Бошевски, а присутните ќе ги поздрават проф. д-р Виолета Ачкоска, проф. Славчо Ковиловски, генералниот секретар на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН Александар Ѓорѓиев, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН Ташко Јованов и претставник на Владата на Република Македонија.
Програмата пред присутните ќе ја збогатат машката пеачка група Македонија при Ансамблот за народни песни и игри ТАНЕЦ со колаж на македонски народни песни и Ристана Николовска Рина со песни од Егејскиот дел на Македонија, а фрагменти од својот опус за македонската голгота ќе беседат писателите Иван Чаповски, Мирче Нешовски, Петре Наковски и Ристо Јачев.
Преку богатото културно наследство, преку усното творештво и, особено, преку високите книжевни остварувања на современите македонски писатели, македонскиот народ ја задржува својата автономност и вековна препознатливост. И покрај сите индивидуални и колективни трагедии, тортури, прогонства, застрашувања, бегства, носење на закони за промена на личните и на фамилијарните имиња и на топонимите, ние, благодарение на литературниот влог на писателите родени во Егејска Македонија, во нашата свест ја имаме целосноста на просторот отсликана уверливо, со чувство на литературна инвенција и богата лексичка изразност.
Преку делата на Ташко Георгиевски, Петар Ширилов, Иван Чаповски, Паскал Гилевски, Ката Мисиркова, Ташко Ширилов, Петре Наковски, Ристо Јачев, Петре Бицевски, Стојан Кочов, Методија Тошевски, Кица Барџиева-Колбе, Јован Парлапанов, Коле Мангов, Ристо Кирјазовски и други, во нашата меморија ги имаме прадедовските имиња на градовите, селата, реките, планините и на сите места и белези што се нарекувале со нашите вековни имиња. Ги имаме автентичните имиња на Кронцелево, Сетина, Крушодари, Крчишта, Свети Герман, Горничево, Сетома, Чеган, Пожарско, Костур, Воден, Родево, Пела, Кукуш, Баница, Лерин, Д’мбени, В’мбел, Бапчор, Калјари, Ранци, Трсје, Жупаништа, Шестеово, Загоричани, Габреш, Черешница, Овчарани, Тиолишта и многу други населби населени со етнички Македонци.
Творештвото на оваа група писатели е препознатлив амблем за македонското опстојување и визит-карта за препознавање на географските имиња, на топонимите и на личните имиња и презимиња во Егејска Македонија. Тоа директно или индиректно допира до читателите, ги буди чувствата на носталгија, но и на тревога, ја бара смислата за нашето постоење на балканските ветрометини. Во нивните книги се поставува прашањето за човечкото достоинство и за македонското талкање, измачување, одродување, уништување, а над сè, постојано нагласеното чувството за македонскиот непокор низ вековите.
Во подготовката на изложбата учествуваа, изборот на книги и фотографии го извршија, Ники Кирјазовска Јовановиќ, Славчо Ковилоски, Ташко Јованов и Александар Ѓорѓиев.
Изложбата за посетителите ќе биде отворена од 22 до 30 март годинава.
======oOo======
If you have something to say or if you want to know something, this is the forum for you. Please write to us and we will publish your thoughts in this Digest. Try and keep it simple and brief, no longer than a page. Please send your comments to Risto Stefov at
rstefov@hotmail.com.