Niko777
New member
carknjas - YouTube
Отец Царкњас: Случајот „Самарџиев“ е измислен
Информацијата за убиство на студент со македонско потекло во Солун е измислена, вели за 24 Вести архимандритот Никодим Царкњас од црквата „Света Злата Мегленска“ во егејскиот дел на Македонија, во соседна Грција.
Сепак, тој предупредува дека растот на неонацизмот и на „Златна Зора“ во Грција во иднина можат да претставува сериозна закана за Македонците кои живеат таму. На предизборен митинг во Грција годинава, припадници на „Златна Зора“ веќе се заканувале дека ќе ја запалат црквата на Царкњас.
Според него, Синодот на Македонската православна црква недоволно се грижи за македонското малцинство во Грција, но и во останатите соседни земји.
Откако дел од Македонците во Австралија најавија дека ќе побараат отцепување од МПЦ, доколку Синодот не го реши нивниот проблем со владиката Петар, отец Царкњас се споменува како најсериозен кандидат за владика кој тие би го избрале да ја предводи новата епархија. Царкњас вели – хиротонисувањето ќе го прифати, но нема да создава паралелна црква на МПЦ.
Царкњас како македонски свештеник во егејскиот дел на Македонија, веќе 20 години отворено работи приклучен кон Македонската православна црква. Од претходните архиепископи Гаврил и Михаил му било ветувано дека ќе биде поставен за владика на МПЦ, но тие ветувања никогаш не се оствариле. Царкњас вели дека начинот на назначување на владици во Македонската православна црква е воден од личните интереси во Синодот и е спротивен на православните канони. Повеќе од разговорот со отец Царкњас погледнете во видеото подолу.
http://24vesti.mk/otec-carknjas-sluchajot-„samardziev“-e-izmislen